Брук Рабуту, најмала а растура!

Млада, слатка, но пред се опасна болдеристка

Ако Шон Рабуту ја качи една од најтешките насоки на отворено “Welcome to Tijuana” во Роделар, Шпанија на 14 години, неговата сестра Брук го прошиша на 11 години, со што стана најмладата женска личност која искачила толку тешка насока. Погледнете што има да каже слатката Брук…

Најмладиот член во семејството Рабуту е Брук. Нека не ве залажува нејзиниот нежен изглед, прво погледнете ја како качува.

Една година пред “Welcome to Tijuana”, Брук на 10 годишна возраст ја искачи својата првата 14а насока, на исти ден со нејзиниот пријател Тито Траверса од Италија кој дотогаш го држеше светскиот рекорд за најмлада личност која успеала да качи насока од овој калибар. Сега Брук и Тито го делат рекордот.

Брук досега има многу освоени награди, признанија и рекорди, но тоа само ја стимулира да продолжи понатаму со уште појак интензитет и дефинитивно е на добар пат да постигне уште многу успеси во иднина.

Слушнете како таа го доживува качувањето по карпи и што е потребно за да се постигне особен успех.

Навистина неверојатна фамилија Спајдермени!

Со својот брат Шон…