Органско значи повеќе!?

Кај што се далеку поскапи од конвенционално растените домати, органскиве испаднаа дека имаат и повеќе витамин C во нив. Не дека е на одмет, уште да беа посиромашни за таа цена!

Новата студија од Бразил вели дека доматите кои се органско растени се понутриционистички расположени од оние растени на конвенционален начин. Резултатите покажале дека органските патлиџанчиња иако растеле помали тие имале повисоки концентрации на витамин C и растителни феноли (супстанци кои делуваат анти-оксидансно).

Резултатите од оваа студија се косат со сите претходни студии на оваа тема кои не пронашле никаква разлика во витаминската содржина помеѓу органските и конвенционално растените растенија.

Експертите велат дека се уште не постојат цврсти докази со кои би можело луѓето да се советуваат дека токму оваа храна е поздрава од конвенционалната, бидејќи тек сега тие треба да испитаат дали овие разлики помеѓу органската и конвенционално растениот зеленчук всушност дава некакви поголеми здравствени полезности.

Дотогаш останува дека органските домати имаат поголема концентрација на витамин C, но дополнителните истражувања ќе докажат дали тоа ќе може да направи разлика во здравствените бенефиции на луѓето.