Дали вегетаријанците се на диета?

Статистиката вели дека вегетаријанците во просек имаат 3 до 20% помала телесна тежина од оние кои не се со ваква предодредба, но дали ова значи дека автоматски ќе бидете на диета ако сакате да направите ваква промена?! Не баш!

Иако бројките кажуваат дека во просек секој вегетаријанец испаѓа послаб од секој невегетаријанец, ваквиот начин на исхрана во никој случај не може да се смета за диета бидејќи треба да се погледне пошироко на целата слика.

Она што ги прави веге приврзаниците поздрави и послаби од останатите е консумирањето на повеќе овошје и зеленчук, а не толку исклучувањето на месо од диетата.

Пониската телесна тежина кај вегетаријанците се поврзува со вкупниот низок калориски внес (зеленчукот е каде-каде послаб во калории од месото) и високиот внес на диетални влакна, кои помагаат во заситувањето.

Ова не значи дека со едноставно престанување на консумација на месо вие ќе станете послаби, бидејќи и преку веге исхраната може да се претера со калорискиот внес. И вегетаријанците треба да внимаваат на она што консумираат и колку трошат со нивните дневни активности доколку навистина сакаат да ги добијат позитивните страни од оваа исхрана.

Крајната линија е: било да имате веге, антивеге или било каква гурманска предодреденост, само балансираниот влез и излез на калориите ќе ве направат посреќни на вагата.

Затоа, нишанете на добро балансирана дневна исхрана, поделена во коректни тајминзи и имајте доста физичка активност со што ќе трошите сè што не ви е потребно и ќе имате задоволителни килограм бројки.

Автор

Martina Mileva

Штип

Македонија