Жените се тапа во подигање на вратило

Па дури и испитувачите се малку збунети како може некого да тренираш три месеци интензивно за една единствена вежба и на крајот пак ниту еднаш да не успее да ја направи. Тоа им се случува на жените со пеколните pull-ups на вратило.

Секој чест за исклучоците, не може да кажеме дека нема такви јаки женски кои со леснотија ја прават оваа вежба, но огромниот дел од останатите едноставно не се во можност да направат ниту едно подигнување на вратило.

Тоа го докажаа и умните глави од Универзитетот Дејтон каде што испитувале 17 жени. Секоја испитаничка на почетокот на студијата не била способна да направи ниту едно повторување од овој тип на вежба, па научниците се заинатиле и решиле малку да ги затегнат девојките на фитнес план, и да ги дотераат до нивото каде тие ќе можат да го направат тоа.

Во период од три месеци испитаничките вежбале три пати во недела и тоа вежби фокусирани на затегнување на бицепсите на рацете и латисимус дорси (m. latisimus dorsi), најраспространетиот мускул на грбот, а воедно и целото тело кој превзема голем дел од работата при изведување на оваа вежба.

Тие дигале тегови, изведувале модифицирани подигнувања на вратило (со помош) и тоа бројни и бројни пати се со цел да се зацврстат и зајакнат како би можеле правилно да ја изведат вежбата. Тренингот исто така им бил фокусиран и на аеробни вежби за намалување на масното ткиво.

На крајот од програмата жените ја зголемиле силата во горниот дел од телото за 36% а масното ткиво го симнале за 2%, но на денот од тестирањето се покажале катастрофално. Само 4 од 17 успеале да направат само едно подигање на вратило.

Во длабочина на испитувањето изнесен е заклучок дека за изведување на овој тип на вежба не е доволна само голема сила во горниот дел од телото, туку човек треба да има комбинација од сила, мал процент на масно ткиво и да има пократка фигура односно да биде понизок.

Како главен виновник за слабите женски резултати бил изнесен тестостеронот кој жените го имаат во ниски концентрации, а кој е важен за градење на мускулна маса и топење на масно ткиво, па независно од тоа колку се тие фит, тие се далеку послаби од мажите во оваа вежба.

Но, и самата конституција игра голема улога па затоа и високите, крупни мажи кои имаат долги раце имаат проблем со оваа вежба. Поради физиката на лостовите, оние луѓе кои имаат подолги раце имаат поголеми тешкотии за да се подигнат нагоре за разлика од пониските.