Еволуциски кикс во односот омега-3 : омега-6

Насекаде се пишува за значењето и придобивките на нашето тело од екстремно важните омега-3 масни киселини. Ќе сме биле попаметни, поздрави, немало да се разболуваме итн. итн. но никој не споменува дека тоа ќе биде така само ако има правилна рамнотежа помеѓу овие и оние со суфикс 6 масни киселини.

Доколку не сте запознаени, и не обрнувате внимание, немој да мислите дека правите нешто особено добро за вашето тело.

Сите статии кои пишуваат за екстремното значење на омега-3 се точни. Главните долго синџирести и тешко изговарачки масни киселини од оваа група EPA (еикосапентаненоична) и DHA (докосахексеноична) се главните виновници за сите полезности кои ги има нашиот организам од јадење ореви, ленено семе, бадеми и особено риба и морски плодови.

Но, колку точно омега-3 ни се доволни на ден за да бидеме јаки како дрен во секој поглед од нашето здравје. Количински, прилично важно е нивното внесување, но уште поважно е каков е односот помеѓу овие (омега-3) и секогаш расположените за битка омега-6 масни киселини и во голем дел количината на омега-3 што треба да се внесуваме зависи од колку омега-6 јадеме.

Историскиот омега-6 : омега-3 однос
Низ 4-5 милиони години долгата човекова еволуција, диетата која разните хомо – видови ја јаделе била пренатрупана со долгите синџири на омега-3 масните киселини EPA и DHA, а сиромашна со омега-6.

Антрополошките студии претпоставуваат дека односот на овие две масни киселини во голем временски период бил 1:1. Во склоп на ова сознание треба да се споменат и сознанијата дека токму овие пралуѓе немале никаква инфламаторна болест како срцевите болести, рак, дијабетес кои се денешната број еден причина за смрт.

Со подигнувањето на индустриската револуција (пред околу 140 години) се забележува едно драстично поместување на овој омега-6 : омега-3 однос. Консумирањето на омега-6 масните киселини драстично се покачува од две причини. Едната е растот на модерната индустрија за растителни масла, а другата е зголемената употреба на житарките како сточна храна за животните (бидејќи тоа го алтерира профилот на масните киселини во прехрамбеното месо).

Една табела за тоа каков е односот во различни видови на растителни масла.

Консумацијата на растителните масла драматично расте во 20тиот век, а тоа има неизбежен ефект врз овој однос. Во 40тите години односот е 8,5:1, потоа расте на 10.3:1, за во денешно време да се движи во огромни 10 до 20:1, а индивидуално и до 25:1.

Овие бројки се далеку поголеми од еволуционите норми и последователните ефекти не можат, а да не се приметат.

Омега-6 масните киселини имаат проинфламаторен ефект додека омега-3 се неутрални. Биохемиски, тие се две различни молекули кои имаат ист рецептор, па така се борат за врзување на истиот. Колку повеќе омега-3 внесуваме толку помалку слободни рецептори ќе има да се врзе омега-6 масните киселини и обратно. Но, разликата е во ефектот што се постигнува врз организмот. Омега-6 поттикнува инфламаторни реакции па затоа е причинител за промоција на голем број на хронични заболувања.

Кои се последиците од вакви извитоперени односи предизвикани од огромниот внес на растителни масла?

Краткиот одговор е дека омега-6 масните киселини се поврзани со зголемување на инфламаторните заболувања – всушност горе – долу сите хронични заболувања и состојби. Еве дел од листата:

  • Кардиоваскуларни
  • Дијабетес тип 2
  • Дебелина
  • Макуларна дегенерација
  • Реуматоиден артритис
  • Астма
  • Канцер
  • Психијатриски заболувања
  • Автоимуни болести

Бројните здравствени истражувања имаат докажано дека овој однос игра огромна улога во нарушување на човековото здравје и особено е поврзан со срцевите заболувања, а неговото намалување доведува до превенирање на овие хронични состојби.

Затоа започнете да внимавате на поголемата слика во вашата дневна порција, а не само да кркате омега-3 апчиња.