Ужинка не е само за деца

Како поим, ужинката мене лично ме потсеќа на баничките со сирење помеѓу хемија и македонски на голем одмор во основно. Ама имало и ужина за големи која сите ние често ја забораваме. Време е да престанете да ги избегнувате ужинките со цел да го намалите внесот на калории и да почнете да ја кркате редовно како малите основчиња.

Доколку го направите правилниот избор на ужинка со добар микс на јагленихидрати, протеини и здрави масти, вие ќе му помогнете на вашиот метаболизам и ќе го забрзате процесот на слабеење.

Бустери на енергија

Здравата ужинка може да ви ја овозможи потребната енергија помеѓу оброците. Житните десерти содржат сложени јагленихидрати кои ќе ви ја дадат потребната енергија. Оптимална калориска вредност на ужинката е од 100 до 200 калории.

Намален внес на прости шеќери

Цел на секоја здрава диета е да ги избегнете простите шеќери, но не и сите шеќери. Со одбирање на овошје или зеленчук како ужинка можете лесно да се заситите и да ги спречите осцилациите на инсулин во организмот, а притоа да внесувате порции полни со сложени јагленихидрати, витамини и минерали, а сиромашни со масти.

Регулирање на телесна тежина

Секоја здрава ужинка ги потполнува дупките во вашата диета. Грицкајте јатки, овошје, зеленчук помеѓу оброците. Така му давате основа на вашиот метаболизам правилно и постојано да работи и да согорува калории за вас. Правило за ужинките е за се консумираат околу 3 часа после главен оброк.

Спречуваат прегладнување

Доколку почнете со здрав избор на ужинка и тоа редовно го практикувате, следниот голем оброк ќе ви биде помал, нема да имате потреба од прејадување затоа што вашиот организам ќе добива редовна доза на хранливи материи.

Автор

Martina Mileva

Штип

Македонија