Тенисерската икона на редизајн

Во 1952 година легендарниот Фред Пери на Вимболдон се појавува во дизајнерска тенис икона, маичка Фред Пери. Оттогаш, модата во тенисот повеќе не е иста, а минатата година компанијата во најдобар стил ја прослави 60-годишнината на тениската стил икона.

Маицата Фред Пери беше колаборација на двајца мажи кои направија дистинкција во спортската историја. Едниот од нив, Фред Пери, кој што го позајми името за оваа стилска икона беше британска тенис сензација која за прв пат ги освои сите четири Гренд Слем титули во сингл. Она што е уште поинтересно е тоа што пред да започне како професионален тенисер Фред бил светски шампион во пинг-понг.

Човекот кој е виновен за вовлекувањето на Пери во бизнисот со спортска облека беше Тиби Вегнер, австралиски фудбалер кој ја има измислено стегачот за пот.

Маичката која ја направија заедно стана тениска стилска икона во годините после тоа а компанијата минатата година за нејзиниот јубилеен 60ти роденден одлучија да направат редизајн на истата. Всушност беа направени 60 редизајни.

Фирмата прати репродукции од оригиналната маичка до 60 уметници, дизајнери, спортисти и им дозволи да си ги отворат своите дизајнерски чакри во исполнување на мисијата.

Една од дизајнерските компании Mother од Њујорк направи иновативно редизајнирање употребувајќи вистински тениски топчиња. Тие употребија различни видови на боја и со точно 60 удари, направија калеидоскоп од 60 отпечатоци за 60тата годишнина на тениската икона.

За целосната галерија клик тука