7 фитнес хакови

Доколку сакате да постигнете резултати за почит во теретана, бидете спремни да пробате некои фитнес хакови кои ќе ви дадат отскочна даска за подобри резултати. Не збориме за шеми и супстанции туку за некои мали, паметни потези кои ќе ве направат подобар во она што го правите.

Комбинирање сила и кардио
За некој, вежбањето на сила и кардио се два различни и посебни настани. Пробајте да направите микс во вежбањето. Направете кардио интервали помеѓу дигањето на тегови како на пример 30 секунден спринт. Тоа ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви ги покачи хормоните за раст.

Правете комплексни вежби
Пробајте да ги замените изолираните вежби кои се фокусираат само на едни мускули и работите на повеќе мускулни групи одеднаш. Пробајте да ги инкорпорирате чучњевите и мртвото дигање (dead lifts) со што ќе горите повеќе калории и ќе го зголемите метаболизмот.

Тренирајте како атлета!
Огромните бицепси изгледаат супер, но битно е како тие ќе се покажат во функција. Наместо да тренирате со монотони вежби, пробајте да се доживеет себеси како профи атлети. Вклучете плиометрија, kettlebell, спринтови, со што ќе вметнете поголем интензитет во вежбањето, а воедно да добиете подобро фитнес ниво.

Удрете на тежина
Дигањето на поголеми тежини со помалку репетиции помага во градењето на сила и топење масти. Почнете со тежина со која можете да направите 15 репетиции, потоа накачете тежина и скратете на 8 до 10 повторувања.

Тренирајте со другарче или Тренер
Не е лошо кога некој има од страна додатно да ве мотивира. Вежбањето со партнер ќе ви ги подобри резултатите од вежбањето, а башка добивате друштво за по пат. А ако сметате дека тоа не е доволно и доколку сакате посериозен напредок, персоналниот тренер ќе ви помогне полесно да се надминете.

Не тренирајте, натпреварувајте се
Правете ги вежбите во компетиција со самиот себе или со партнерот. Ако вметнете малку натпреварувачки дух во тренингот се ставате самите себе во натпреварувачки мод и можете да постигнете подобри резултати.

Хидрирајте се!
Одењето во теретана дехидриран малку по малку зема жртва од вашите мускули, мотивација и енергија. Бидете сигурни дека сте редовно хидриран пред и за време на тренингот и секако, не заборавајте на добар оброк и течност после вежбањето.