Часовникот може да влијае на слабеењето

Ако случајно во моментов сте на некоја диета или планирате во иднина да се ставите, почнете да го земате в предвид и времето на вашите оброци бидејќи ручек пред 3 и ручек после 3 часот не е исто.

Доколку логично размислуваме, ова може многу едноставно да се претстави. Доколку прескокнете некој појадок ќе имате проблеми со ослабувањето бидејќи подоцна во денот сигурно ќе се прејадете бидејќи ќе мора да надокнадите.

Е сега, да ги оставиме размислувањата на страна и да видиме што вика една нова студија која следи каков импакт има времето на оброците врз слабеењето.

Научниците од Брнгхам Women’s Hospital и уште неколку Универзитети, поделиле 420 жени кои имале поголема тежина од онаа посакуваната на две групи, едни кои јадат порано и други кои јадат подоцна и набљудувале како влијае времето на оброкот врз слабеењето.

Сите жени следеле диета за слабеење, но едните ручале пред 3 часот на пладне, а другите после 3 часот. Научниците го избрале токму ручекот како оброк бидејќи сите учеснички биле од Шпанија, а таму ручекот е главен оброк во денот и тој допринесува до 40% од дневните калории.

Иако храната, енергетскиот внес, енергетската потрошувачка, нивоата на хормоните за апетит и времетраењето на спиење биле горе-долу исти за сите испитанички, оние кои јаделе ручек покасно изгубиле помалку и тоа со помала брзина.

Испитаничките губеле тежина со истото темпо првите пет недели од 20 неделната студија, но после тоа оние што јаделе покасно почнале да заостануваат во слабеењето. На крајот, тие изгубиле 22% помалку тежина од групата која јадела ручек порано од 3 часот.

Заклучокот на студијата гласи: „Јадењето доцна може да влијае врз успехот на диетата. Стратегиите за слабеење треба да ги инкорпорираат во себе покрај конвенционалните вредности на калориски внес и однос на макронутрициенси и тајмингот на оброците. Во многу делови од светот каде вечерата е главниот оброк во денот, јадење порано не е лесно, но секој кој е сериозен во врска со слабеењето треба да внимава и на влијанието на тајмингот врз диетата.”

Автор

Igor Jovanovski

Скопје

Македонија