Утрото по девојката се познава

Одличен тренинг за да го усовршите балансот на раце… вели описот на видеото. Само момент! Не го пробувајте ова дома! Особено не наутро… Од 5,068,074 луѓе кои го гледале видеото сигурно многу мал дел од нив можат да го усовршуваат балансот на ваков начин. 

Сигурно со многу дисциплина и секојдневни вежби може да се достигне напредно ниво во јогата, но пожелно е тоа да биде под надзор на искусен јога инструктор.

Сепак, и покрај тоа што можеби не можеме да го повториме ова утринско истегнување и баланс на телото и умот, евидентно е дека Бриони Смит заедно со Еквинокс направиле уметничко јога ремек дело. Уживајте!

Во продолжение… За сите двојки кои практикуваат јога, ова видео може да ви биде следниот предизвик.