Колку вода ни е потребно?

Нејзиното височество – ВОДА

Општата препорака е 8 чаши вода дневно. Некои велат дека ви треба повеќе. Но, некои велат пиењето премногу вода може и да ви наштети. Која е вистината и колку вода всушност е доволно?

Зошто треба да се пие вода?
Можете да поминете неколку денови па дури и недели без храна, но не можете да поминете повеќе од 2-3 дена без да се напиете вода. Водата е најпотребна материја за живот. Вашето тело е 60% вода и таа е потребна за:

1. Хидратација – Тренингот предизвикува загуба на вода преку потењето. Со доволен внес на вода ќе се спречи дехидрацијата на организмот.

2. Закрепнување – На вашите мускули потребна им е вода за да се опорават од тренингот. Ако не пиете доволно вода, тоа ќе го ограничи растот и рекуперацијата на вашите мускули.

3. Варење – Вам ви требаат 25g растителни влакна дневно за оптимално функционирање. Но, бидејќи растителните влакна се врзуваат со вода, тие би биле бескорисни доколку не ја внесувате водата во доволни количини.

4. Заситувањето – празен стомак ќе ве натера да мислите дека сте гладни. Водата ќе ви го наполни стомакот и ќе направи да се чувствувате помалку гладни.

И многу повеќе. Вода ја регулира температурата на вашето тело, спречува камен во бубрезите, го подобрува здравјето на кожата, ги подмачкува зглобовите….

Kолку вода ни е потребно секојдневно?
Ако пиете доволно, имате здрави бубрези/мочен меур, урината треба да биде без боја и без мирис. Потемна урина е дозволена само при првото утринско уринирање.

Не чекајте да ожедните, тоа е знак дека организмот е пред дехидрирање.

Што е со интоксикацијата/односно претераното пиење на вода?
Прекумерното конзумирање на вода може да го наруши балансот на електролити во вашето тело. Ова може да предизвика фатално нарушување на вашите мозочни функции. 

3 совети за да се избегне труење со вода:
-Јадете здраво. Здравата храна ќе ги надополни вашите електролити.
-Користете ја главата. Не правете луди работи како пиење 10 литри вода за 30 минути. Не учествувате на натпревар.
-Избегнувајте ги спортските пијалоци. Претерана потрошувачка на овие пијалоци може да доведе до недостаток на вода, бидејќи тие често имаат ниско ниво на електролити. И се полни со шеќери.

Што е со одењето во тоалет?
Пиењето повеќе вода, барем на почетокот, ќе ве натера да одите во тоалет повеќе. Сепак мочниот меур ќе се прилагоди. По неколку недели ќе одите сè помалку. Но, сепак малку повеќе отколку порано.

Сметајте дека тоа е добра работа. Седењето во иста положба и позиција подолго време предизвикува проблеми. Водата за пиење е најдобар изговор кој ќе ве принуди да се извлечете од вашата работна маса од време на време: и да одите во тоалет 🙂

Како да стекнете навика на пиење повеќе вода. Со пиење повеќе вода, почесто. Колку почесто го правите тоа, толку полесно ќе станува.

Некои совети:
Започнете рано. Чувајте 1 чаша вода подготвена до вашиот кревет.

Тоа нека биде првото нешто што ќе го направите по будењето. Пијте 2 чаши со секој оброк. 2 чаши на ручек, 2 за време на вечерата, 2 со закуски. Прво јадете, пијте подоцна. 

Пијте вода за време на тренингот. Земете шише вода во теретана и пиј мали голтки за време на тренингот. 

Бонус совети: Ако не ви се допаѓа вкусот на водата-пијте ја почесто, со тек на време вкусот ќе ви се адаптира.

Пијте и чај. Зелениот чај е силен антиоксиданс и природен диуретик. Пијте чај барем по една шолја дневно, наместо обична вода.

Исцедете лимон во водата. Го подобрува вкусот, а лимонот помага и во одржувањето на киселинско/алкална рамнотежа во вашето тело.

Имајте на ум дека зеленчукот, овошјето, кафето, млекото-сите тие содржат вода, а со тоа ви помагаат со надополнување на дневните потреби за вода. 

Автор

Nagomy fitness

Скопје

Македонија