Летна шема Мон Блан 360

Зима, пролет, иде лето, а доколку појма немате каде и како да го поминете летниот одмор, еве со време еден предлог кој ќе ве спаси од жештините, ќе ви го подигне адреналинот, ќе ви ги збогати очите, а богами и ќе ви ги помножи црвените крвни зрнца. 

Не така наивно четиридневно точкарање низ три држави (Франција, Италија и Швајцарија) додека се кружи околу една планина (Мон Блан, 4,810.45м) од Алпскиот планински масив.

Ако стварно се попаливте за турава еве линк каде што можете да се пријавите и таа да стане ваша реалност!