Боровинки и јагоди, секојдневно

Колку слатко може да звучи ова: една мала порција боровинки или јаготки на ден ви го отвора патот кон поздраво срце и живот.

Современиот „на брзинка” начин на живот знае да биде претерано штетен за нашиот организам. И на прво место по патење од сите овие штетници од кои тешко да се оттарасиме доаѓа нашето срце. Шансите за било какво заболување на овој витален орган се особено големи доколку ги поседуваме и гаиме сите тие ризик фактори кои би можеле да доведат до тоа како висок крвен притисок, високи нивоа на холестерол, пушење, дебелина итн.

Но, не е се така темно и мрачно во ситуацијата. Сите ние можеме да направиме нешто повеќе за намалување на овие ризици, а тоа верувале или не се крие во едно малечка чинија на боровинки или јагоди на ден.

Според една студија од Велика Британија, редовната диета богата со бобинки има големи шанси да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Тие собрале податоци од повеќе од 93,000 испитаници и биле особено заинтересирани за оние кои консумирале боровинки или јагоди малтене секој ден. И анализата покажала дека токму овие луѓе имале помали шанси за било какво срцево заболување од другите.

Се верува дека токму овие овошја поради богатството со класата на флавоноиди наречени антоцијани имаат огромно анти-оксиднасно и анти-инфламаторно влијание врз срцето.

За малку да ве разочараме, не е сè само до јадењето бобинки бидејќи мнозинството од овие испитаници кои јаделе секојдневно здрава и природна исхрана воделе и далеку поздрав живот од другите. Така да ова не си го врзувајте во крпче толку едноставно започнете да бидете поактивни во согласност со јадење на почеста природна храна.