Препорачуваме

И учиш, и учиш…

По некое време ја учиш суптилната……

По некое време ја учиш суптилната разлика
помеѓу држењето нечија рака и оковувањето нечија душа.

И учиш дека љубовта не значи привлечност
и друштвото не значи сигурност.

И почнуваш да учиш дека бакнежите не се договори
и подароците не се ветувања.

И почнуваш да ги прифаќаш твоите порази
со главата горе и очите отворени
со достоинство на жена, не со очај на дете.

И учиш да ги градиш твоите патишта денес
затоа што утрешннината е премногу несигурна за планови
а иднината има начини да те изневери на половина пат.

По некое време научуваш…
Дека дури и сонцето гори ако го има премногу.

Па си ја копаш градината и си ја украсуваш душата,
наместо да чекаш некој да ти донесе цвеќиња.

И учиш дека навистина можеш да истраеш…
Дека си навистина силен
И дека навистина вредиш

И учиш, и учиш…

Со секое збогум нешто научуваш.

Хорхе Луис Борхес