Диета за зголемување на телесната маса

Диета 002

Во зависност од тоа колку дисциплинирано се држите до оваа диета, резултатите се видливи за еден месец со зголемување на телесната маса од 4 до 8 килограми.

„Слабите” често знаат да кажат дека јадат сè што ќе посакаат без притоа да се здебелат. Тие мислат дека се благословени со брз метаболизам, меѓутоа тоа може да биде и сериозен проблем.

Еве неколку совети за слабите луѓе кои сакаат да стават по некој килограм повеќе:

– Најздрав начин за зголемување на телесната тежина е правилната исхрана, а во вашиот случај тоа е храна богата со протеини и јаглехидрати. 
– Паралелно со исхраната се препорачува и физичка активност. На пример, вежбање во теретана за да се добие поголема мускулна маса.
-Целта не е само да се зголеми внесот на храна, туку правилна исхрана и редовна физичка активност.

Потру­дете се хра­ната да ја поде­лите на 6 балан­си­рани оброци т.е три главни и три ужинки
Распо­ре­дете ги така да има пауза од по 2–3 часа помеѓу нив.

Прв оброк:

– 150 гр. овесни снегулки со полномасен јогурт 3,2%

– 1 интегрален тост

– 1 банана

– 2 јајца

– Мултивитамински напиток

Втор оброк:

– портокал, јаболко, круша, праска

– млеко 0,5 литри 

Трет оброк:

– 200 гр. пилешко месо или говедско месо

– 200 гр. печен компир или 100 гр. ориз

– 100 гр. зеленчук

Четврти оброк:

– млеко 0,5 литри 

Петти оброк:

– 200г бели тестенини (шпагети, макарони, јуфки)

– сирење

Шести оброк:

-150 гр. овесни снегулки со јогурт

– 100г мешани јаткасти плодови

*Исто така, пожелно е во текот на денот да испиете околу 1 литар млеко (обично или чоколадно).

**За квалитетна ужина добро е да се јаде суво или свежо овошје (банани), јатки (лешници, бадеми, ореви), полномасни млечни производи (јогурт, пудинг, сирење), овошен компот, овошна торта, сладолед.

Физичката активност е неопходна!

За правилно да се распоредат добиените килограми, неопходно е да се занимавате со некоја физички активност. Тоа ќе допринесе до зголемување на мускулната маса и зголемување на апетитот.

Доколку килограмите ги зголемувате само со внесување на големи количини храна, без адекватна физички активност, може да дојде до зголемување на масните наслаги, што предизвикува нови естетски, но и здравствени проблеми.

 

Поздрав, Влатче