Спортски појадок - од пријателите на Донев
Брз и квалитетен појадок

- 300мл јогурт
- 50мл вода
- 2 лажици (со дозер) Хербалајф шејк од јагода
- 1 лажица ржани снегулки
- 1 лажица овесни снегулки
- 1 лажица чиа семе
- грст ореви
- сок од цвекло
Подготовка
Лесен, брз, нискокалоричен и здрав појадок.
1. Шејкерот се полни со јогурт и вода за да се добие поразредена течност.
2. Се додава и дозата од Хербалајф шејкот. Смесата се протресува во шејкерот за убаво да се раствори.
3. Потоа се додаваат и останатите состојки, односно снегулките, оревите и чиа семето.
4. Шејкерот повторно се протресува додека не се добие убава хомогена смеса. Можете и малку да го оставите на страна за да омекнат снегулките.
5. Во соковник направете си сок од цвекло.
Уживајте во утрото и лесниот спортски појадок!