Шеќерот не дебелеел до толку

Шеќерот, во последно време е најдежурниот кривец од сите типови на храна. Тој е крив за сè, од дијабетес, рак, кариес и нормално дебелина. Но, новата студија што убаво ја разгледа конекцијата на шеќерот со дебелината докажа дека тој бил обвинуван повеќе од што треба.

Научници од Универзитетот Отаго во Нов Зеланд, во огромна студија овластена од СЗО, испитаа повеќе од 10,000 различни помали студии кои ја следат корелацијата на внесување на шеќер и дебелината. Откако ги отстраниле резултатите од оние испитаници кои биле на некакви диети и применувале било каква физичка активност, останале со 68 студии на кои можеле да го видат директниот импакт на шеќерот врз дебелината.

И, она што го заклучиле звучи помалку зачудувачки. Луѓето кои го зголемувале внесот на шеќер, било во форма на десерти и слатки или течности (разни сокови), ја покачувале својата тежина, но за само 760 грами годишно во просек. За разлика од ова, резултатите покажаа дека кај испитаниците кои го намалиле внесот на шеќери имале намалување на тежината од само 800 грами на годишно просечно ниво.

Студијата е една од првите кои дојде до заклучок дека шеќерот не е единствената причина за епидемијата на дебелина, но е значаен придонесувач. Според ова општиот проблем со дебелината не треба да се гледа само во шеќерот туку фокусот треба да се фрли на пошироката слика за квалитетот на сите јагленохидрати.

Ова не значи дека треба да престанеме да го сметаме шеќерот како виновник бидејќи тој е само дел од целиот проблем. Според СЗО, препораките за намалување на внесот на шеќери треба да бидат дел од глобалната стратегија за борба со проблемот со дебелината.