Инспиративниот триатлонски ум

Сигурно сме согласни дека триатлон е натпреварување во кое треба да се вложи огромна човечка сила и да се поседува способност за манипулација со повеќе спортски дисциплини. Но како да се мотивираме, да тренинраме појако и да го извадиме нашиот максимум за да триумфираме на ваква трка, може да научиме од видеото со Енди Потс, профи во триатлон, и неговиот инспиративен говор.

Триатлонот како мулти-дисциплинарен натпревар е прилично напорен, а се состои од пливање, возење точак и трчање. Трките варираат во должина но целта секогаш останува иста, односно тие да се завршат во најбрз можен рок, вклучувајќи ги и мерењата при “транзициите” од една компонента на друга.

Потребен е интензивен тренинг, со стабилна мотивација и 1 до 2 проценти повеќе енергија од противниците со цел да се надминат човечките граници на издржливост и да се триумфира на триатлон натпреварите.

Енди Потс е поранешен американски пливач кој направи професионален трансфер во триатлон во 2003 година, и кој ја растури триатлон сцената со мноштвото успеси и победи.
Според него, тој никогаш не се замислувал само како најдобриот пливач во спортот.

“Моите напори да се подобрам во возењето точак и трчањето дефинитивно се исплатеа. Иако го уживам секој успех од моето патешествие, продолжувам да се тестирам себеси со цел да го извадам максимумот од своите можности.”

Следи инспиративното видео на Енди Потс и Асикс, во кое се прикажани неговите подготовки за Ironman Светското Првенство, во Кона, во 2012 година (кое се смета за најпрестижно во Ironman заедницата).

А на нас останува да уживаме во видеото, да ја апсорбираме неговата порака и да ја спроведеме кај она што сакаме да го постигнеме, без разлика дали се работи за професионално или аматерско/рекреативно достигнување.