Што се крие зад етикетата?

Секако дека е многу битно храната да биде привлечна за очите, но дали ова треба да биде на прво место, ако знаеме дека за да изгледа така добро производителите ја зачиниле со еден тон адитиви и тоа лоши по здравјето. Затоа пред да ставите некоја кутија, конзерва или лименка во корпа, прочитајте што сè содржи и дали го сакате тоа во вашиот организам.

Адитивите се додатоци во хранливите продукти кои го подобруваат изгледот, вкусот и овозможуваат еден прозвод да стои на полица многу подолго отколку што би стоел во неговата основна форма. Уште пред многу векови биле користени шеќер, сол или оцет за да го продолжат векот на храната, но со напредокот на технологијата и побарувачката на масовната консумпција во последниот век, започнала нова ера во користењето на адитивите, со голем број на хемиски супстанци од кои еден дел е опасен по здравјето.

1. Вештачки засладувачи
Аспартам (Е951), кај нас е познат под името натрен, се наоѓа речиси во секој производ кој е маркиран како „диетален” или „без шеќер”. И навистина, овој засладувач не содржи калории, но претставува опасна супстанца околу која постојат могу контроверзии уште од 70тите години на минатиот век. Се смета дека аспартамот може да делува како неуротоксин и потенцијален канцероген. Исто така се смета дека ја намалува интелигенцијата особено кај децата.

Го има во диеталните газирани сокови, гумените бомбони, гумите за џвакање, витамини во форма на пастили, пасти за заби, ладни чаеви, тврди бомбони.

2. Пченкарен сируп
Исто така засладувач. Неговата употреба е широка затоа што е поефтин. Се добива од пченкарен скроб, но за разлика од аспартамот пченкарниот сируп има висока содржина на калории, па така и се поврзува со покачување на телесната тежина и дебелина со сите нејзини последици како дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Токму заради тоа Европската Унија постави лимит на производството на пченкарниот сируп.

Служи како засладувач во голем дел од фабричката храна, во слатките, леб, овошни јогурти, дресинг за салата, зеленчукови и овошни конзерви.

3. Натриум нитрат
Ако мислевте дека бојата на месото корелира со неговата свежина размислете уште еднаш. Овој адитив познат уште и како натриум нитрит е одговорен за црвеникавата и свежа нијанса на месото. Биле направени повеќе обиди истиот да се исклучи од употреба, но благодарение на силно развиената месна индустрија, натриум нитратот на големо се користи за да ја сокрие сивкавата нијанса која ја добива старото, отстоено месо. Опасноста од овој адитив лежи во ослободените нитрoзамини во дигестивниот тракт кои претставуваат канцерогени материи.

Се користи за презервација и пребојување на чаденото месо, пушената риба, виршлите, шунката, сланината и многу други месни призводи.

4. Прехрамбени бои
Боењето на храната со бои добиени од природни состојки е безопасно. Но ефтината замена на природните бои во шарените бомбони, гуми за џвакање или лижавчиња се всушност опасни вештачки прехрамбени бои за кои се смета дека може да доведат до појава на проблеми во однесувањето, намалување на коефициентот на интелигенција, па дури и до појава на карциноми. Многу од овие бои се забранети во скандинавските земји, но во другите делови од светот на само што се употребуваат на големо туку на призводителите им е дозволено само да назначат дека се употебени бои, без да ги наведат.

5. Транс масти
Овој тип на маст се додава во производите со цел да им го продолжи векот на полица. Меѓутоа, уште со нивното откривање биле подложени на бројни истражувања па многу од добиените резултати ги поврзуваат со покачување на LDL (лошиот) холестерол, а намалување на HDL (добриот) холестерол во крвта. Ова го зголемува ризикот од коронарни заболувања и срцев удар. Секој продукт кој содржи повеќе од 2% транс масти е забранет во Данска.

Најголем извор на транс масти е маргаринот, а на етикетите се наоѓа под името „парцијално хидрогенизирано масло”, па го има во чипсовите, крекерите, брзата храна.