За мозокот медитацијата е = на сексот

Најновото нешто што се докажа за најкомплексното ткиво кое Ви овозможува сега да ја читате реченицава е тоа дека ако се ставиш во некаква зен – медитациона состојба тоа ти доаѓа исто како да имаш оргазам. Никој не ни кажа дека јогата можела да биде толку добра!

Студијата на Gemma O`Brien во Scientific American поврзана со медитирањето и оргазмот кажува дека луѓето кои ги практикуваат овие две различни задоволства всушност доживуваат еднакви чувства на намалување на само – свесноста и имаат алтерирање во нивната телесна перцепција.

Всушност, кога човек медитира левата страна на мозокот се активира додека другите делови тотално се гасат. Со оргазмот пак, десната хемисфера е таа која се активира, односно процесот е обратен, но сепак и двете состојби доведуваат до стопирање на менталните „муабети“ што ги води мозокот и ни помагаат да ги загубиме менталните и физичките граници. 

Затоа ајде сите на јога, или на другава физичко-ментална активност.