Спринтерот кој ќе се натпреварува во санкање

Слично како во филмот Cool Runnings од 1994 кога јамајканците настапија на ЗОИ во санкање, спринтерот со британско потекло Крег Пикеринг реши да ги префрли неговите атлетичарки способности на мразот настапувајќи за британската екипа во санкање на наредните зимски Игри.

Карл кој се сметаше за иднината на британската атлетика по неколкугодишните проблеми со повредата на грбот реши да се откаже од атлетиката и да ги пренесе неговите спринтерски способности на мразот. Иако тој признава дека досега немал никаква конекција и врска со зимските спортови (никогаш не скијал ниту пак лизгал на мраз) спринтерот решава да аплицира за место во британската репрезентација во санкање која ќе настапува на наредните ЗОИ.

Пикеринг ги има поминато сите фитнес тестови кои се потребни за да се влезе во тимот, но само на вештачка подлога и сè уште останува тој да се докаже на мразот. Носителот на бронза во 4x100m штафета на светскиот шампионат 2007 година се придружи на британскиот санкачки тим во подготовките во Германија.

Смената од атлетика во санкање можеби звучи чудно, но не е невообичаена низ светот. Во последните неколку месеци бројни светски познати атлетичари ја направија оваа смена. Победникот во на двата светски шампионати во трчање со пречки Лоло Џонс и олимпискиот шампион во 4x100m Тиана Медисон потпишаа за американскиот тим во санкање.

Единственото нешто што не му се допаѓа на Крег во целата оваа ситуација со преминувањето во санкање е тоа што неговата мајка нема да биде среќна бидејќи се плаши од повредите кои може да настанат при несреќа за време на санкањето.