Lipstick Production`s

ЕУРОТИК

Изминатата ски сезона на Попова Шапка нè посетија шармантните девојки од Липстик Продукција за да уловат некој кадар за нивното ново остварување … 

Ана Румиха, Кони Блечер, Баша Стевулова и Џулија Баумгартнер се четирите девојки кои ја посетија Попова Шапка заедно со продуцентот Рене Гало. Изненадени од природната убавина на нашата планина, во прилично лоши временски услови го извадија максимумот со нивното снимање.

Овие девојки се под заштитните капи на Nitro, Roxy, K2, Rip Curl, Burton, и се доста инспирирачки атлети барем во понежниот свет на сноубордингот. Прекрасни Gap Sessions на кровот на хотел Тетекс, кај каптажата за вода поред ски теренот Тетекс, во рушевините на објектот на АРМ и нормално северната страна на Церипашина која што ќе ве остави без здив…

Немојте да бидете строги, дајте им 30 минути од вашето време на Еуротичните сноубордерки и уживајте во нежно секси стилот кој го поседуваат.