Без рецепт со Донев

Компир салата

Ова е класична компир салата, едноставна за подготвување и супер за во лето и зима, со рипче или мевце, со вино и ракија и секако добро друштво.

Баш затоа и ја сакам.

 
  • Компир
  • Кромид
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер
  • Љубов
 

Многу лесно.

1. Го вариме компирот во голем сад, вода ставаме доволно за да го прекриеме компирот. Една финта за проверка кога е сварен компирот, со вилушката го боцкаме убаво и ако успееме да ја подигнеме без компирот значи дека е таман сварен.

2. Го сецкаме на кругчиња или кој облик и да ви прави мерак.

3. Го додаваме претходно исецканиот на кругови кромид. Може да додадеме и млад кромид како јас во случајов чисто онака да биде поинтересно со зелената боја.

4. Зачинуваме по желба со сол, бибер, јаболков оцет и маслиново масло. Прво секогаш ставајте го јаболковиот оцет затоа што полесно го абсорбира компирот пред да го ставиме маслото.

Да не повторувам дека салатава оди во секаква комбинација и ако ви остане покрите ја со фолија, ставете ја во фрижидер и слободно конзумирајте ја и во наредните 2 дена. Може да ви биде и уште по вкусна.