Zeal iON Goggles

Zeal Optics, фирма стационирана во Колорадо го претставија својот револуционерен спој на маска за скијање и фотоапарат, односно камера, а колку исплатлива ќе испадне нивната борба со добро етаблираните GoPro ќе оставиме времето да покаже.

Zeal iON HD е револуционерниот продукт на Zeal Optics кој прави фузија помеѓу скијачка маска и вградена HD камера. Камерата може да фаќа видеа со 1080p HD и слики со 8 мегапикселна резолуција преку вградената камера која има леќа со 170° широк агол.

Маската е опремена со мал додатен внатрешен екран кој ќе ви овозможи преглед на сите фотографии и видеа, без да попречува на вашиот видик. Странично на маската се наоѓаат копчиња кои ви овозможуваат брза манипулација со мултимедијалниот материјал, како шерување, бришење итн.

Сето ова е споено со anti-fog УВ оптика во одлично изработена рамка.

Продуктот работи на литиумска rechargeable батерија која просечно издржува 6 часа снимање.

Но, поради новиот правилник и рестрикциите на американската влада за праќање на продукти по пошта, оваа маска (поради батеријата) не смее да се испраќа на било кој начин користејќи ги поштенските услуги. Затоа продуктот може да се купи само од официјалната продавница во Аљаска.

Повеќе инфо тука

Автор

Igor Jovanovski

Скопје

Македонија