Најчудните олимписки спортови досега

Да се изначуди човек во што сè се натпреварувале луѓево на Олимписките игри. Сакаме билјард и покер на Олимпијада!

 

Соло синхронизирано пливање

Каков ли парадокс! Со кого ли ќе се синхронизираш ако си сам? Но, ете оваа спортска дисциплина била присутна на Олимписките игри од 1984 до 1992 година после што го губи статусот на Олимписки спорт. Се состоела од, нормално еден натпреварувач кој се синхронизира спрема музиката која му свири во позадина.

 

 

La Canne (Ла трска по нашки)

Замислете мечување, нели со тој тенкиот меч, и заменете го мечот со трска. Voilà, имате француска боречка вештина. Овој спорт дебитирал на ОИ 1924 година.

 

 

 

 

 

Вртење палки

Атлетата стои исправено и држи жонглерски палки во секоја рака, а поентата е истите да се вртат околу неговото тело и глава. Колку покомплициран е зафатот толку повеќе поени ќе освои натпреварувачот. Се смета за почетоците на ритмичната гимнастика.

 

 

 

 

Двобој

Бидејќи на почетоците на Олимписките игри не постоеле стриктни правила и прописи препишани и водени од некое одговорно тело, на игрите буквално се натпреварувало во сè и сешто. Два пати во историјата во 1906 и 1912 година се одржало натпреварување во двобој. Се разбира натпреварувачите не се убивале меѓу себе (не е во ситлот на Олимписко натпреварување) туку пукале во кукли кои биле облечени во мантил, а на нивното тело имало поставено мета. Сигурно изгледало смешно па натпреварувањето било исклучено од ОИ.

 

 

Пукање во неглинени гулаби

Во Парис 1900 година на олимписките игри се одржало можеби најтврдокорното натпреварување во пукање на живи гулаби. За време на игрите биле испукани 300 гулаби, а победникот испукал дури 21. Само тогаш можеле да се истакнат најдобрите ловџии бидејќи после тие игри натпреварувањето е забрането.

 

 

 

Качување по јаже

До 1932 година на ОИ во Лос Анџелес се одржувало качување по јаже. Нормално брзината била најважна, а дозволено било качување користејќи ги само рацете и дланките.

 

 

 

 

Скок во височина од место

Нема залет, директно од место, а колку скокнеш скокнеш. Смешно звучи но се одржувало до 1900 до 1912 година. Интересно е тоа што на сите тие пет настапи златото го освоил американецот Реј Еври, а уште поимпресивно е тоа што тој поминал дел од неговото детство во количка поради детска парализа.