Talk test

“Муабет” тест

Ни помалку ни повеќе, “Talk”(говори) тестот е една практична “метода” со која што можете да го следите интензитетот на оптоварување во вашиот тренинг. Иако е далеку од софистицираните монитори за срцева фреквенција, овој тест ви е секогаш во џебот па дури и ако носите облека без џебови.

Talk е помалку “инвазивен” од масовно употребуваната техника на мерење на интензитетот преку пулс (два прста у гуша) со задолжително застанување. Далеку од потребите на професионалните спортисти кој имаат потреба од прецизен мониторинг за време на тренингот, Talk тестот е многу поприлагодлив за рекреативците кој имаат цел да ја намалат телесната тежина и да го одржат своето тело здраво и во кондиција без да влегуваат во високи интензивни оптоварување.

Овој метод по се изгледа е наједноставниот начин како да го одржите потребниот интензитет на вежбање, а притоа да ги избегнете покомплексните методи за проценка на HR (срцевата фреквенција) и V02. (Persinger et al., 2004).

Истражувачите на Американскиот колеџ за Спортска Медицина открија дека луѓето кој можат без потешкотии да разговарраат додека изведуваат контиунуирана физичка активност, е многу веројатно дека вежбаат со соодветното ниво, и дека овој тест е добар да се предвидат интензитет

Како генерално прифатена метода, иако неформална и субјективна за мерење на кардиоваскуларниот интензитет Talk тестот се користи веќе подолго време иако многу експерти се сомневат во неговата прецизност за различни популациски групи и различни физички активности.

Тестот го изведувате сами и тој ви помага да процените дали вежбате во вашата таргетирана (условно) зона, или дали треба да го зголемите или намалите интензитетот.

Како ?

Се додека можете да водите разговор или да ја искажете азбуката без потешкотии и прекинување, тогаш сте во зона во која телото може полесно да се справи со напорот и која најмногу одговара на оние чија цел е да ја намалат тежината, а доколку имате потешкотии и дисконфорт да зборувате тогаш значи дека влегувате во поинтензивна зона на оптоварување и треба да го намалите интензитетот се разбира доколку тоа и ви е целта, да останете во пониските аеробни зони. Многу едноставно нели?

Доколку рекреирате сами, и нема со кого да си поприкажете еве мало потсетување како одеше течно азбуката.