Морис Херзог засекогаш високо

Првиот човек кој искачил врв над 8000 m, фанцускиот алпинист Морис Херзог почина денес, на 14. XII 2012 година, на 93 години, јавува Француската Планинарска Федерација.

Беше во 14:00 часот на 3ти јуни 1950 година кога Морис Херзог и Луи Лашенал стапнаа на врвот Анапурна, за првпат воопшто, да биде качен 8000m-ски врв. Овој историски датум е забележан како огромно достигнување и беше главна вест насекаде низ светот и го направи Херзог вистински јунак во својата татковина.

Член на Францускиот отпор за време на Втората Светска Војна, последователно министер за спорт од 1958 до 1963 година за време на Де гол и градоначалник на Шамони од 1968 до 1977 година, Херзог ја престави трката да се биде прв што ќе ги качи 8000-рките во ерата кога доминираа т.н. национални експедиции, често спонзорирани од одредени држави.

Но, Херзог беше симбол за алпинистите кои се бореа до горчливиот крај, над нивните енергетски резерви, со цел да го достигнат врвот.

Алпинизам кој може да се дефинира како „херојски”. Морис Херзог ја раскажа својата голема авантура на Анапурна, најголемата од сите, во својата книга која сè уште е најпордавана во планинарската литература „Anapurna Premier 8000″ („Анапурна: Прво искачување на 8000m-ски врв”). Книга која е продадена во 11 милиони примероци и беше преведена на 40 јазици.

Успехот на Анапурна испадна навистина епски, патување во непозантото затоа што предводена од самиот Херзог, крајната цел на француската експедиција беше нејасна уште од самиот почеток. Всушност, две планини повисоки од 8000 m беа вистински кандидати: Даулагири и, секако, Анапурна. Знаењето за овие планини и логистиката здрушена со качувањето на Хималајски врвови во тоа време беа во својот зачеток, и сеуште имаа потреба од истражување. Исто како и голем дел од Непалскиот регион каде лежат овие два џина.

Дури по бескрајни денови од неплодни извидници беше донесена крајната одлука, на 14. мај, да се фокусираат на Анапурна. Но бесценетото време беше изгубено и монсунската сезона се приближуваше. Она што преостанувало било трка со времето. Исто така и коцка, затоа што избрале да ја качуваат северната стена, стрмна и изложена на лавини. На 1ви јуни Херзог и Лашенал се одделија од Терè и Ребуфа кои, со двајца Шерпаси, го поставија IV-от логор. На 2ри јуни, повторно со помош од Шерпас, тие го поставија и V-от логор на 7400m, а потоа дојде и врвот на 3ти јуни, по исцрпувачко искачување за време на кое тие се бореа со сите свои сили против техничките тежини на искачувањето и влијанието на надморската височина. Потполно исцрпени тие се спуштија надолу низ тешкото симнување. По првото искачување, Анапурна не била качена 20 години, кога Британска воена експедиција успеа да се искачи по екстремно тешката јужна стена. Како и да е, Француската насока на Анапурна е една од најопасните нормални насоки на една 8000-рка, така што повеќето „колекционери на врвови” најчесто ја оставаат Анапурна последна на нивниот „список”.

Другите членови на експедицијата и помогнаа за време на драматичното враќање, но и Херзог и Лашенал изгубиле некиолку прсти на нозете и рацете како резултат од смрзнатини.

Другите членови на експедицијата ги вклучуваа врвните алпинисти Гастон Ребуфа и Лионел Терè споменати претходно, високо-талентираните Жан Кузи и младиот Марсел Шац, како и експедицискиот лекар Жак Удо и филмскиот режисер Марсел Ичак. Херзог е последниот член од оваа експедиција кој нè напушта.

По своет врвно достигнување на Анапурна, постоеле извесни сомнежи за тоа дали Херзог и Лашенал стигнале до врвот, но тие сомнежи спласнаа.

Алпинистичкиот свет загуби еден од последните големи алпинисти од таа ера.