Збор два од Давид Лама

Интервју со австрискиот качувач Давид Лама за Серо Tоре, врвот Грифт, и неговите големи планови за во Пакистан и уште многу.

Давид Лама е 22 годишен австриски качувач. Младиот спортист се натпреваруваше во највисока конкуренција, а во последниот период своето внимание го насочи кон повисоките планини. Претходно оваа година Лама ја качи во слободен стил (не)познатата насока „Компресор” на Серо торе во Патагонија, но не според некои контроверзии.
По скоро година дена Лама не покажува знаци на намалување на темпото. Неодамнешното патување на кулата Транго во Пакистан го подложи амбициозниот качувач на тест на својата отпорност на надморска височина, и тој сака да се врати во Пакистан следната година да спроведе слободно качување во Химaлајската арена според високи стандарди.
Со црвст став, силна волја, посветен и успешен, го направи ова интервју. Инаку, моментално е во трка за наградата за Авантурист на Годината на Нациналното Гeографски Друштво.

– Каде започна да качуваш? Беше ли тоа заедно со родителите? И во кој стил?
Моите родители воопшто не беа качувачи, пред јас да започнам, но беа ентузијасти за планинарење и пешачење. Започнав да качувам кога имав околу 5 години. Петер Хабелер, партнерот на Рајнолд Меснер на првото искачување на Монт Еверест без дополнителен кислород, беше пријател на моите родители и ме покани на еден од неговите планински кампови за деца во Цилертал уште во 1995 година. Правевме некои прошетки по глечерите, качивме некои полесни планини и едн ден отидовме на качување едни лесни карпести плочи, близу до домот каде престојувавме. Петер го забележа мојот осет за карпата и колку се забавував и така го охрабри моите родители да ме пуштат да качувам со Рајни Шерер, кој тогаш водеше качувачка група за деца.

– Твојот татко е од Непал. Како влијае тоа Шерпа наследство во твојот качувачки живот?
Ова прашање ми го поставуваат често. Обата мои родители (мајка ми е од Австрија) се планински ентузијасти и затоа моите детски денови беа полни со пешачење и авантури, и во Непал и во Австрија, и тоа влијаеше на мојот карактер, сигурно. Луѓето велат дека ќе бидатм во можност да се справувам со големите надморски височини подобро зашто мојот татко е Шерпа но за тоа не сум сигурен. Лично имам впечаток дека имам корист мирниот и сталожен пристап кон животот што сигурно доаѓа од татко ми.

– Започна да качуваш на млада возраст и набргу потоа се вклучи во натпреварувачкото качување. Дали сметаш дека тоа ти беше добар вовед во спортот?
Започнав на природна карпа и потоа почнав со натпревари, а не обратно. Мислам дека главно поради тоа што започна в да качувам на млада возраст ми дава извесна предност, како и во секој друг спорт. За мене, комбинацијата од качување карпи и стремежот да се натпреваруваш беа сигурно добра мотивација са силно да тренирам и да станам подобар.

– Како се смени качувањето од тие рани денови? Дали гледаш нешто поинакво во качуваето? Или исто е?
Не е сменето многу во однос на качувањето и секогаш ќе биде средиште на мојот живот. Но моето сфаќање за животот еволуираше заедно со мојот став кон качувањето и обратно.

– И по успешната натпреарувачка кариера престана да се натпреваруваш по сезоната во 2010 година. Сметаш ли дека ќе се вратиш некогаш во некоја фаза во иднина?
Напуштањето на натпреварите не го прифатив со тешко срце. Дури и во 2008 година моите сфаќања и качувачката иднина не се вклопуваат во границите на салата или напишаните правила. Кога ги напуштав натпреварите всушност имав намера да се вратам за некоја година, но да бидам искрен досега не гледам ниедна причина зошто би требал да се вратам, особено во форматот кој сеуште опстојува. Сеуште качувам во сала за да тренинрам, но не сум сигурен дали некогаш повторно ќе се вклопам во светот на правила и ограничувања што Светскиот Куп моментално претставува за мене.

– Се чини дека имаш некои силни идеи за Светскиот Куп и обликот на натпреварувањата. Како мислиш дека би можеле да напреднат? Што мислиш за вкупнатаорганизација на натпреварите, и било кој ставови за качувањето и фактот дека можеби тежнее кон олимписките игри?
Не се грижам многу за Олимијадата, не ми е многу гајле за таа платформа. Воопштено кажано, верувам дека натпреварувачкото качување и натаму ќе еволуира и ќе стане спорт сам за себе, многу подалеку од сегашното качување. Ова само по себе не е ништо лошо, но едноставно не е за мене. За мене Светскиот Куп моментално не дише сo „качувачка ДНК” и тоа е она што ми недостига.

-А дали мислиш дека е можно да се искомбинира натпреварувањето на врвно ниво со кариерата на врвен алпинист?
Наптреварите станаа многу поспецифични во последните неколку години и нивото потребно за победа малку се зголеми. Кога започнав со натпреварите бев во можност често да одам на качување карпи а сеуште бев способен да победувам на Светскиот Куп. Зависи од самите очекувања кои ги имате за себеси, со со зголемување на интензитетот на силни конкуренти кои се фокусираат главно на качувањето во затворена вештачка карпа, нема шанси да бидете добар без специфичниот тренинг на пластика.
Да се биде алпинист а особено да се оди на експедиции неколкупати годишно е сосема контрапродуктивно за натпреварувачкиот циклус, па нема начин да се искомбинираат ови две дисциплини без правење на големи копромиси, особено ако ја имате амбицијата секогаш да победувате.

– Назад на тоа што го правеше во светот на планините и карпите. Доесга во твојот качувачки живот што сметаш за најголемо качувачко достигнување?
Тоа е тешко прашање, има неколку првенствени искачувања на кои сум горд. Но ако треба да изберам едно веројатно тоа би било првото слободно искачување на Југоисточниот гребен на Серо Торе, зашто повеќепати не успеав пред конечно да успеам во тоа оваа година. Згора на тоа бев соочен со доста критики поради грешките кои беа направени за цел на продукција на филм за мојот прв обид, кој ме натера да реевалуирам многу различни работи. Поминав низ пекол и пак бев способен да го остварам својот сон. За ниеден друг проект досега така не пораснав, не само како качувач.

– Одејќи до пеколот и назад, и исто така и реевалуирајќи различни нешта, се чини дека Серо торе беше навистина силен предизвик, и за качувањето секако, и за одговорт на качувачите кои ги следеа твоите обиди. Порасна како лилчност – што научи? И можеш ли да дадеш некој совет на другите млади качувачи по ова искуство? Ако можеш да го вратиш времето, би го направил ли пак истото, или поинаку?
Кога би отишол таму сега веројатно би го започнал проектот на начинот што го завршив, но секако не би сакал да го пропуштам искуството кои го стекнав. Начув дека дефинитивно грешките, без разлика колкави биле, се само статус кво на една ситуација и нудат голем опсег на можности за да се порасне. Мојот совет кон младите качувачи веројатно би бил: Одете горе и напревете некои ваши грешки!

– Во 2011 имаше одредена контроверзија пред да започне твоето патување бидејќи изјави дека планираш да понесеш дупчалка, и да ги користиш старите експанзивни клинови за осигурување на твојот обид за слободно повторување. На крајот ти не користеше дупчалка а горниот дел од низата експанзивни клинови беше изваден пред да стигнеш таму. Она што го постигна беше воодушевувачко, но зошто твоите првични планови беа помалку амбициозни и да го расчистиш тоа за што испадна дека си способен?
Мојот план секогаш беше амбициозен и во суштина не се проемни многу со текот на годините. Но како што немаше вистинско достигнување во обидите во првите две години, сè што беше очугледно за качувачкиот свет беше контроверзијата која се однесуваше на експанзивните клинови. Секогаш планирав да ги вкопчувам експанзивните клинови на Маестри за осигурување. Насоката беше претходно таму, зошто да се преправам дека не е? Со оглед на варијантите за слободно искачување секогаш се надевав да бидам во можност да се осигурам со опрема за осигурување која може да се извади, но секогаш се сомневав дека можно е да има долги, мазни секции кои е можно да се качат во слободен стил, но не би можеле да се осигураат со со опрема која може да се извади; за тие сметав дека треба да понесам рачна дупчалка. Фактот дека експанзивните клинови на Маестри на главната стена беа искорнати за сигурно не го правеше ова доживување полесно, но всушност психолошки најсложениот дел најпрвин започнува кога ќе ја напуштите насоката „Компресор”. Имав четири 6mm-ски експанзивни клинови со мене на слободно искачување, но завршив без да поставам ниеден. Имаше мазни делови, но се почувствував доволно силен за да ги поминам.

– Можеш ли да го опишеш во детали клучниот дел на твоето слободно искачување на Серо Торе? Каде оди во однос на стара насока „Компресор”, и какво е качувањето, осигурувањето и опшиот впечаток за тој дел од насоката? (Петем речено, добро сторено на една од најсветите линии во светот.)
Најтешката должина е онаа која оди нагоре неколку метри лево од пукнатината Салватера, само неколку метри над местото каде Маестриевата пречка со експанизвни клинови води во мазен гранит во десно. Должината започнува со релативни лесен терен пред да качиш тенка пукнатина која води непосредно до клучниот дел, кој е малку потежок болдер-проблем. Има еден клин и под него може да се постават мали чокови, можеби и многу мал френд би влегол. Потоа треба да се качиш до клучниот дел околу 8 m повисоко каде можеш повторно да поставиш френд. Најпрвин помислив дека сигурно е околу 8a, но мколку повеќе мислев толку потешко ми се чинеше. Но не се грижев за оцената на оваа должина која кажува многу малку за тежината на целото искачување.

– Сметаш ли дека е прифатливо да се остават мали измени во природното опкружување – фиксни сидришта и јажиња, експанизвни клинови за меѓуосигурување и клинови – или би требало да се стремиме да ги оставаме карпите и планините недопрени така што и следните би можеле да ги најдат во слична состојба, и дали твоето мислење се смени по патувањето на Серо Торе?
Ова прашање може да биде основа на разговор кој би траел со часови… качувањето е слобода, секогаш сум велел дека пишаните правила нема да решат некои проблеми во светот на нашиот спорт. Но луѓето кои се желни за првенствени искачувања треба да бидат свесни дека за фактот дека терените за првенствени искачувања стануваат сè поретки и поретки. Не велам дека експанзивните клинови треба комплетно да се тргнат од алпинизмот, но кон недопрените карпи треба да се пријде со повеќе предумисла отколку пред неколку десетлетија. А кога има можност за да се осигурува со опрема за традиционално качување (клинови, чокови, времндови) не треба да се додаде експанзивен клин. Сè на сè, треба само да има смисла. Направив нова повеќедолжинска насока која ја нарековме „Расправа за сигурноста” со мојот партнер Петер Ортнер пред месец дена низ една тешка варовничка стена во Источен Тирол. Се состои од 11 јажеви должини и има експанзивни клинови на сидриштата и многу малку дополнителни експанзивни клинови. Насоката првенствено ја качивме делумно слободно, делумно со технички, но секогаш целта ни беше да направиме насока која коже да се качува слободно. Го намаливме борјот на експанзивни клинови до максимум во ваков терен и оставивме неколку осигурувања на самото место за идните качувачи кои ќе ја повторуваат. Со тежини до 8b и повеќето должини над 7b, и имавме впечаток дека тој стил има смисла.
Што се однесува до Серо Торе, кој е специфичен случај, мислам дека сите качувачи се сложуваат дека насоката „Компресор” е голема грешка. И покрај тој факт, јас го делам ставот дека треба да биде оставена како дел од историјата и како знак на човечката ароганција за следните генерации да имаат од што да учат. За тоа статус кво, ниту постои ниту е потплоно извадено.

– Во 2010 година стана дел од посетувачката качувачка екипа на Mammut што појде во Peak District да го проба британскиот gritstone. Дали уживаше во стилот на качувањето на gritstone?
Ми се допадна качувањето на grit многу. Всушност, јас таму бев и пред 2010 година и исто така и овој септември на неколку дена, заедно со пријател со кој качивме некои навистина фини насоки.

– Имаше друга, помала конторверзија по посетата на екипата на Mammut каде многу од насоките кои ги качувавте за време на посетата беа покриени со траги од магнезиум кој е доста против локалната етика. Свесни ли бевте за ова? Дали имате некои ставои во врска со ова?
Во врска со посетата на екипата на Mammut, таму имаше еден куп луѓе кои се обидуваа истите насоки и ние исто така имавме долг пеиод добро време без дожд. Соодветно, беше малку чудно оваа тема да се сврзива со мене. Иако нема таква етика во Австрија против означување со магнезиум, познат сум по тоа што се лутам на луѓето кои не си го бришат магнезиумот. Секако дека сум свесен за локалната етика, но не бев сам јас таму на качување. Сметам дека кажав доволно.

– Кои се твоите следни цели во твоето качување?
Најмногу напредувам обидувајќи се во нешта кој никој не ги направил претходно. Да зборуваме воопштено, големите, алпски стени со логични линии се она што го барам. Бидејќи има ретко такви останати по Алпите, има мноштво во Каракорам или по Хималаите. Тоа беше причината која Петер и јас избравме да оиме на Чоголiса оваа година по качувањето на кулата Транго, што е невообичаена цел за качувачи како нас. Сакавме да видиме каконашите тела ќе се чувствуваат дачеку над 7000 m, пред да одиме наредната сезона и да се обидеме да качуваме насока на таа надморска височина.

Со среќа на наредната експедиција – каде планираш да заминеш? Или тајна е? И што можеш да ни кажеш за Петер? И што бараш во партнерот за ваков вид авантури?
Во 2013 година планирам да се вратам во Патагонија за четврта последователна година и на лето ќе бидам во Пакистан. Не сум сеупте 100% сигурен каде точно ќе тргнам, но видов многу неиискачени стени па морам да се вратам.
Покрај тоа што што трба да го има за реализација на ваков проект, мојот партнер за големи алпинистички проекти треба да има сличен став на нештата како и јас и треба да биде некој на кој можеш да се потпреш. Петер не е само силен алпинист, туку и голем човек и добар пријател. Единствената „маана” која ја има е тоа што не може да се посвети на експедициите така егоистично како јас. Дома си има семејство што го чека.

Фала Давид, и добро да си поминеш во Патагонија

Линк од оргиналното интервју ТУКА       Преведе: Никола Андоноски