Вежби рехабилитација во вода

Потонете за одлично вежбање

Дали сте знаеле дека водата спроведува топлина 25 пати побргу од воздухот и тоа се зголемува со зголемувањето на брзината на движење во водата, или дека температурата на водата треба да е пониска ако во неа се изведува интензивен кинезитерапевтски третман. Прочитајте во продолжение неколку интересни информации за вежбањето и рехабилитацијата во вода.

  •  На ревматски болни повеќе им одговара благо повисока температура од телесната, додека за состојби на млитава одземеност повеќе одговара температура пониска од телесната температура.
  • Температурата на амбиентот треба да е 3 степени повисока од таа на водата.
  • Температурата на водата повисока од 37 степени може да е штетна за активности со висок интезитет (оптоварувањето на кардиоваскуларниот систем се зголемува и во мирување).

Зависно од тоа што сакаме да постигнеме со вежбите, температурата треба да биде различна:

– Кај вежбите за подвижност, јакнење, одење во вода , релаксација најпогодна температура е помеѓу 26 и 33 степени.
-Кај пациенти со акутни мускулоскелетни повреди е погодна температура од 33 степени поради ефектите од релаксација и намалување на мускулниот спазма.
-Аеробно кондиционирате вежби за кардио-васкуларен тренинг и аеробни вежби треба да се изведуваат на температура од 26 до 28 степени
– Кај интезивен аеробен тренинг со поголема од 80 посто од максималната срцева фрекфенција, температура на водата да биде помеѓу 22 -26 степени.

Предноста на вежбите во вода:

  • намалување на влијанието на гравитацијата и тежината на телото (вежбите се изведуваат полесно).
  • пациентот е загреан за време на третманот, релаксирачко дејство, ја намалува болката предизвикана од мускулниот спазам.

Вежбите во вода можат да бидат општи (во базен, езеро или море ) и локолани (во када, Хабардова када).

Исто така за време на третманите во вода може да се користат одредени помагала како што се разбој за одење, фиксирани шипки на страничниот дел од базенот,тегови, топки и уште многу помагала кои ке помогнат за подобра рехабилитација .Третманите можат да бидат групни и индивидуални.

Ефекти од хидрокинезитерапија:                                                                                                          прогресивно јакнењее на мускулите (мускулната снага), се подобрува координацијата, се подобруваат движењатата на оделни мускулни групи.

Контраиндикации – фебрилни состојби, заболувања на срцето, заболувања на респираторниот систем, зголемен или намален крвен притисок, разни кожни заболувања, отворени рани, менструација итн.

Автор

Dimitar Manevski

Скопје

Македонија