Гордон се враќа

Роби Гордон повторно се враќа на дините на Дакар 2013 по минатогодишната дисквалификација, и пак ќе го вози неговиот нервозен Хамер.

Добро познатиот бунтовник на релито Дакар ја дочека официјалната дозвола за настап на овогодинашниот Дакар циркус. Роби минатата година имаше одличен целокупен пласман во категорија автомобили (второ најдобро време), но беше дисквалификуван поради недозволени конфигурации во моторот на неговиот Хамер кои официјалните техничарите ги забележаа по една од трките.

Неопходните технички проверки на минатогодишниот дисквалификуван Хамер беа проверени и сега нервозната машина заедно со неговиот пилот се спремни за копање на јужно американските дини и песоци.

Навигатор на Гордон ќе биде Келон Валх.