Пикник болдеринг

Тимот на Salewa порај своите производи промовира и еден несекојдневен, а сепак тривијален натпревар. Болдеринг на пикник маса е “ин” во моментов поради тоа што може да биде игра за забава, спортски предизвик или сериозен тренинг за стомачни.

Не знам дали е толку интересно и секси како што пишува, но дефинитивно е предизвик што може секој да го проба доколку има маса слична на нивната, тип што ја држи и камче стомачни меѓу другото. Доколку не сте многу по физичкиот егзибиционизам, можете да ја дизајнирате масата за болдеринг за да му ја разубавите маката на оној што пробува да помине некоја или сите од трите можни дисциплини, а притоа да лапнете и некоја награда за успешниот проект.

Од трите диспиплини “The Mini Loop”, “Six Pack Loop” и “Fatal Loop”, можете да претпоставите која е најопасната. Правилата за дисциплините подобро се разбираат визуелно отколку со зборови, па затоа погледнете го следното видео. Сепак, генералното правило е воопшто да не се допре земјата.