Салата со рукола и уште нешто

- Свежа Рукола
- Мали домати (cherry)
- Црвен кромид
- Суви сливи без семка
- Суви смокви
- Семки од тиква
Пармезан - Маслиново масло
- Балсамико
- Љубов
Подготовка:
Во голем длабок сад изцепкајте ја со раце руколата. Додадете го кромидот исецкан на тенки полу месечинки, малите домати на половинки и сливите и смоквите исто така на тенки парчиња. Зачинете со сол, балсамико и маслиново масло и промешајте.
На крајот растурете ги од горе семките од тиква и тенко насецканиот пармезанот. Пропрскајте со малку маслиново и балсамико и уживајте во оваа брза и вкусна свежа салата.