BY ДОНЕВ

Пилешко во зелен кари сос

 
  • Пилешки стек
  • Модар домат
  • Црвена бабура
  • Тиквица
  • Свеж босилок
  • Зелена кари паста
  • Кокосово млеко
  • Луто пиперче
  • Ориз или нудли од ориз
  • Љубов
 

Подготовка:

1. Во големо тавче или Вок загрејте масло и додадете ги претходно исецканиот модар домат, црвена бабура, лутото пиперче, тиквица и зелената кари паста. Пропржете ги 2/3 минути со постојано мешање.

2. Потоа го додавате кокосовото млеко, босилокот и пилешкото месо исецкано на парчиња доволни за еден залак. Доколку пилешкото не е покриено со течноста додајте кокосово млеко се додека не го покриете. Промешајте за да се изедначи.

3. Садот не го покривајте и гответе 15/20 минути или се додека пилешкото не е меко и спремно.

4. Пред да го тргнете од оганот, додадете кафеав шеќер 1-2 лажички и промешајте.

5. Одлично е со ориз или нудли од ориз кои само треба да се сварат во вода не подолго од препораката која ја имате на самото пакување.

Ова е едно од моите омилени таиландски традиционални јадења и навистина е лесно да се приготви. Предизвик е кај нас да се најдат соодветни намирници но во последно време ги има во по големите маркети. Некогаш кога не може, слободно може да си импровизирате. Се разбира доколку не е тој продукт примарен. Во овој рецепт мене ми недостасуваше сос од риба кој што навистина ретко го има кај нас и само го изоставив. Пробајте па ќе се уверите дека не му ни фали.