Здрав оброк за деца и возрасни
Киноа со зеленчуци
- 1 средна шолја обична и црна киноа (со вода 1:2)
- 2 средни моркови
- 1 тиквичка
- 1 парче праз
- грст снегулки од лимец (може ‘ржани или овесни)
- маслиново масло
- тамари сос
- крупна морска сол
- останати зачини по желба
Подготовка
1. Се става 1 шолја киноа ( предходно исплакната со вода), со 2 шолји вода да зоврие, а потоа на тивко да крчка уште 20 минути.
2. По околу 10 минути се ставаат исецканите зеленчуци и снегулките.
3. По околу 20 минути (доколку киноата е омекната и отворена како на сликата), тавата* се трга од рингла и се остава некое време да се олади со затворен капак.
4. Потоа се префрла во сад за ручање каде се додава масло, тамари, сол и останатите зачини.
5. За да се спреми кашичка за бебе се трга дел од приготвеното јадење пред да се зачини, се додава само маслиново масло и се блендира.
* За овој рецепт се користи сад – Delimano Dry Cooker