Пријателите на Донев
Месната безмесна салата

- 1 зрело авокадо
- 300 грама моцарела
- ладно цедено маслиново масло
- мелен босилек
- мелена црвена пипер
- кари
- крупна морска сол
Подготовка
1. Авокадото се лупи и се сецка на мали парчиња.
2. Моцарелата се сецка исто така на мали парчиња.
3. Се мешаат во сад, се зачинува по желба со сол, кари, босилек и пипер.
4. Се налива со малку маслиново масло.