Лабораторија за Еко-информатика - Пратење на квалитетот на воздухот, водата и почвата

Дознај повеќе за воздухот додека спортуваш

За квалитетен живот потребна е здрава и чиста околина. За подобрување на животните услови во населените места потребна е и јавна свест за осознавање на состојбата на воздухот, водата и почвата. 

Во таа насока се направени првите софтверски решенија за јавно и online мониторирање на состојбите (Скопје дише, Скопје ФИНКИ) кои придонесоа јавната свест за квалитетот на воздухот да се подигне на ниво на западните демократии каде тоа е законска обврска. Исто така, тоа го предизвика и Министерството за животна средина и просторно планирање да создаде јавно и online мониторирање на квалитетот на воздухот.

Лабораторијата за еко-информатика при Факултетот за Информатика и Компјутерско Инженерство – Скопје располага со опрема набавена од средства за апликативната дејност, сопствени средства, од меѓународни проекти и дополнување на опремата со донација од Владата на РМ за лаборатории со научноистражувачки цели. Опремата врши софистицирани мерења, а потоа се прави анализа за да се предвидат состојбите во иднина. Тоа ќе допринесе за донесување на навремени мерки, како и за спречување на несакани состојби и последици од истите.

Раководител на Лабораторијата е Проф.д-р Коста Митрески, кој може да ви даде дополнителни информации.