Без Рецепт со Донев

Гравче салата by Донев

 
  •  Варен грав (само зрното)    Кромид
  • Свежо нане
  • Свеж босилок
  • Свеж или сув копар
  • Доматен сос 
  • Сол и бибер
  • Љубов – неограничено 
 

Подготовка:

Гравчето што ви останало од петокот го цедите за да остане само зрното. Сецкате кромид на полумесечинки и го додавате во зрната заедно со нането, босилокот и копарот кои Ви препорачувам да ги искинете со раце, не да ги сецкате. Потоа додадете го и доматниот сос и зачинете по вкус со сол и бибер. Доколку сте љубители на луто можете да додадете и табаско или некоја замена за истото.

Оваа комбинација е интересна и практична кога ќе ви остане од вареното гравче кое не случајно е застапено во нашата кујна и се препорачува негово конзумирање барем два пати неделно. Уживајтe!