Свежа салата од спанаќ
- 50 г. козјо сирење
- 200 г. свеж спанаќ
- 1 пиперка
- 3-4 ореви
- 1/2 лимон
- маслиново масло по желба
- морска сол по желба
Подготовка
1. Спанаќот измијте го и оставете го 15-20 минути во сад со вода во кој ќе додадете две лажици алкохолен оцет.
2. За тоа време исецкајте ја пиперката и раздробете го сирењето.
3. Спанаќот искинете го со раце на помали парчиња и ставете го во сад каде ќе ги додадете другите состојки, зачинете и уживајте!