Мексикански wunderkind

Серџо Перез е изненадувањето на овогодинешната Ф1 сезона, иако ова му е само втора година во елитната девизија на автомобилскиот спорт. 

Перез е првиот Мексиканец кој што се искачил на подимот во Формула 1 по цели 40 години, па затоа многу често е споредуван со Латино-Американецот Аиртон Сена.

За една недела Остин, Тексас, ќе биде домаќин на првата американска Grand Prix трка по пауза од уште од 2007 година, а таму ќе вози и Перез кој се очекува да биде пречекан од илјадници обожаватели од Мексико.

„Се надевам дека мојот почеток во Мекларен ќе биде како оној на Кристијано во Манчестер Јунајтед. Целта ми е да бидам светски првак“, изјави Перез.

Менаџерите на Мекларен му плаќаат на младиот Мексиканец 11 милиони долари годишно и веруваат дека тој може да стигне до врвот. 

22-годишниот возач додека возеше за Заубер на последната трка во Малезија се најде на втората позиција, зади Фернандо Алонсо од Ферари.

Перез многу често го споредуваат со Аиртон Сена поради неговите способности за време на влажната трка во Малезија, нешто по што Аиртон стана многу познат уште во раната фаза во својата кариера.

Перез е син на поранешниот мексикански F3 шампион, а неговиот постар брат е НАСКАР тркач.