Жилави сестрички

Две малолетни сестри од Тексас беа дел од најпредизвикувачките трки во Америка, XTERRA Trail Run National Championship која се одржа во американската држава Јута. Кејтлин и Хедер, на возраст од 12 и 10 години трчаа повеќе од 20 километри низ планините во близина на Солт Лејк Сити, по патека која поминува низ стрмни гребени. 

Кејтлин и Хедер имаат едвај по 25 килограми, а направија повеќе од храбар подвиг без големо заостанување и покрај сувиот воздух кој може да претставува проблем и за најискусните тркачи.

Докторите потврдија дека нема опасност за Хедер и Кејтлин, без оглед на нивната возраст. Само Кејтлин (постарата сестра), во изминатите две години се натпреварувала на 90 спортски настани, а има завршено и два маратона. Двете заедно се натпреварувале во триатлон, комбинација од пливање во должина од 500 метри, возење велосипед 30 километри и трчање на 5 километри. Сепак, се покажа дека сестрите се подобри на нозе отколку во вода или на велосипед.