Дај тоа здравите масти!

Без разлика дали сте квалификуван месојадец што сака да ослаби или вегетаријанец кој сака да биде што поздрав, секогаш можете да изградите подобар однос спрема внесувањето на мастите кој позитивно ќе влијае на вашето здравје.

Иако различните типови на масти создаваат помалку конфузен и зачудувачки различен ефект врз организмот, основната порака до која треба да се придржуваме е едноставна: ПОДАЛЕКУ ОД „ЛОШИТЕ“, ПОБЛИСКУ ДО „ДОБРИТЕ“. Еве неколку едноставни чекори на одбирање на храна која ќе ве направи поздрави!

  • Намалете го внесот на заситените масти преку скратување на црвеното месо како и полномаслените млечни производи. Обидете се да го замените црвеното месо со легуминози (грав, грашок, боранија), бело месо и риба секогаш кого е тоа можно. Никогаш не го заменувајте црвеното месо со рафинирани јагленихидрати (бел леб, бел ориз и компири). Тоа не ве прави поздрави.Полномасленото млеко и млечните производи заменете ги со нискомаслени млечни продукти, или дневно јадете многу мали количини од полномаслените производи. 
  • Користете ги незаситените масти секојдневно. Секогаш користете маслиново масло во салата, јадете маслинки, риба и јатки, тие се добри по вашето здравје.
  • Јадете еден или повеќе продукти кои се извор на омега-3 масти секој ден. Риба, ореви или масло од соја се одличен извор на омега-3 масти. Тие се одлични и за вашиот мозок и срце.
  • Елиминирајте ги транс мастите. Содржината на продуктот треба да содржи “0” (нула) транс масти, како и да биде слободна од парцијално хидрогенизираните масла. Престанете да конзумирате пржени производи и брза храна бидејќи тие се преполни со транс масти.

Имајте на ум дека заменувањето на заситените масти со рафинираните јагленихидрати нема да ве заштити од срцеви заболувања, туку напротив може да го зголеми ризикот за нивно настанување. Но постојат цврсти докази дека заменувањето на заситените масти со незаситените го намалуваат ризикот за настанување на овие состојби.