Kамперски бајпас

Ем чорбата ем Ајфонот!  Чиста работа за оние кој си го имаат меракот на трекинг, кампирање или било каков престој во природа подолг од капацитетот на батеријата од вашиот мобилен телефон. 

Дали одите по риба или на лов, искачувате некој врв или само си лезетарите далеку од дома на чист воздух CampStove ќе се погрижи да се препуштите на уживањето и ќе ви ја пружи независноста од струјното стопанство. Оваа направа ќе ви помогне да си зготвите вкусен оброк и да ја наполните батеријата на вашиот телефон, GPS уред и останатите гаџети кој ги носите со вас како привезоци секаде и секогаш,  а сето тоа со помош на малку гранчиња и дрвца.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија