Балканска Снаодливост

За време на АТП турнирот во Базел, Швајцарија, 21-годишниот бугарски тенисер Григор Димитров во дуелот со Виктор Троицки успеа да ја воодушеви публиката изведувајќи скратена топка од полу-волеј, одиграно зад грбот. Ваквиот удар веќе е прогласен за еден од најдобрите во сезоната.

Димитров кој е рангиран 62 во светот, досега нема некои позначајни резултати, но неспорно е дека поседува голем талент.

Во петок Димитров ќе се соочи со Пол Анри-Метју во четврт-финалето, а ако победи, следната рунда ќе ја игра со Роже Федерер. Останува незивесно дали во такви услови младиот тенисер ќе има смелост да направи слчен потег против светскиот број еден тенисер?

Додека да дознаеме, погледнете го видеото кое на Youtube доби повеќе од милион посети.