Нови технологии за подобри перформанси

Велосипедистите на иднината

Иновациите се повеќе влијаат врз спортскиот инженеринг и неговото усовршување. Oвојпат ќе погледнеме на кратко во иднината на велосипедизмот.

Поради брзото усовршување во нанотехнологијата, “спреј облеката” може да стане реалност за неколку години. Ваквата облека би била водоотпорна, додека пак заштитната обвивка на оваа технологија ќе создава цврсти заштитни кациги, многу полесни од денешните.

Исто така, инженери од Велика Британија почнуваат да развиваат материјали кои со користење на нанотехнологијата ќе имаат способност да го менуваат обликот во зависност од условите. Овие материјали најголемо влијание ќе имаат врз спортската опрема, бидејќи гумите на велосипедот би можеле самите да се трансформираат во зависност од теренот по кој се вози.

Сензорите веќе се вградуваат во патиките за трчање каде што ја мерат брзината, растојанието и потрошената енергија на лицето кое ги носи.

Воените инженери веќе имаат создадено сензори кои ги следат физиолошките промени во животната средина. Во иднина ваквите сензори би ги употребувале за да се следи работата на телото при одредени активности. Преку овој сензор, сите физиолошки процеси кои се одвиваат кај лицето ќе се испраќаат до стручните лица, за да се изнајде најсоодветно  решение за тоа како да се подобри физичката спремност.

Во 2013 година најверојатно ќе започне производството на опрема за подобрување на прегледноста за време на трка. Оваа опрема би можела, за помалку од секунда, на натпреварувачот да му ги даде сите потребни информации и анализи за трката, за учесниците, па дури и да служи како “ретровизор”. Гледачите на трката, со користење на истата технологија за гледачи, би можеле во секое време да добијат статистички податоци за секој натпреварувач или пак да го следат натпреварот од гледна точка на натпреварувачите.

Јаглеродните влакна стануваат се попопуларни во велосипетскиот инженеринг. Инженерите работат на тоа да создадат ултра лесен велосипед со високо аеродинамичен облик. Овој ултра лесен материјал за една деценија ќе има најголемата примена во велосипетската опрема.

Печатени обувки со помош на 3D печатењето. За неколку децении инженерите ќе можат да го произведат секое парче спортска опрема, вклучувајќи и обувки, само минута пред почетокот на трката. Така што, доколку е времето влажно би се произвеле обувки за дожд.