Пазарски стратегии / комши пошто пиперот

Органска VS Неорганска

Како редовни консументи на овошје и зеленчук многупати сме се запрашале зашто па дури и во големите вериги на маркети, а да не зборуваме за пазарчињата нема основни информации за потеклото, начинот на одгледување и квалитетот на овие прехранбени производи.

Во производството на органски зарзават и овошје се исклучува употребата на хемиски средства хербициди. Основа на органскиот зеленчук и овошје е употребата на еколошки препарати кој не ја контаминираат оваа храна. Иако постои дебата околу тоа дали органската е со поголема хранлива вредност од неорганската, тогаш дебата за тоа која е  поздрава и посигурна не е потребно.

Разликите до кој можете да дојдете ако направите тестови ќе бидат очигледни, но во нашите пазари само добрите чула и познавања можат да ни помогнат

  • Органските пиперки визуелно се помали, неправилни со интензивни бои. имаат карактеристичен мирис, многу се посочни и секогаш имаат повеќе семки.
  • Домашните домати кој не се третирани со пестициди се разликуваат еден од друг, со помесната содржина и побрзо се расипуваат. Неорганските се слични по големина и форма, шупливи се и со помала содржина и сочност и на пресек имаат зеленикава и цврста средина.
  • Органските краставици се со повеќе семки со зелени нијанси а понекогаш и со горчлив вкус. Неорганските се со иста дебелина и на боја се хомогено зелени.

Можеби овие герилски примери ќе ве охрабрат да ги испробате пазарите со сета своја Амазонија, влезете во штос како до поквалитетно овошје и зеленчук