“Let’s Move for a better world”

Прв Wellness кампус во светот

Technogym не престанува да изненадува со своите иновации и солуции во светот на Wellness-от.

Во Чезена, Италија, на 29 септември во присуство на 800 гости од 60 држави како претставници на различни претприемачи, институции и медиуми беше отворено за употреба првото Technogym Wellness село.

На отварањето како ВИП гости присуствуваа претседателот на Италија Giorgio Napolitano и поранешниот претседател на САД Bill Clinton.

Менаџментот на компанијата го претстави првиот Wellness кампус во светот кој ќе биде распространет на 150.000 м2 површина од кој 60.000 м2 ќе бидат во затворен простор. Antonio Citterio, Patricia Viel and Partners едно од најпознатите архитектски студиа од Италија со меѓународно реноме беа задолжени да го создадат овој концепт со еко-одржливост и био-архитектура и со принципите на здравје и Wellness на работното место.

Кампусот ќе ги обедини капацитетите за производство и седиштето на компанијата како и авангарден Wellness центар, лабораторија за иновации, библиотека, ресторан, конференциски центар и други содржини кој ќе допринесат сите посетители да имаат целосно Wellness доживување.

Овој проект е интегриран во идејата на основачот и претседател на компанијата Nerio Alessandri да ја создаде Romagna-Wellness Valley која ќе биде првата Wellness област во Европа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија