Фелпс 12-ти според Askmen

Мајкл Фелпс продолжува да собира признанија за своите успеси на Олимпијадата во Лондон. Магазинот Askmen го рангираше на 12 место од можни 49, на листата спортисти, политичари и луѓе во шоу бизнисот кои ја обележале 2012 година.

Американскиот пливач освои шест медали на олимписките игри годинава а пливачката кариера ја заврши како светски рекордер со вкупно 22 освоени олимписки медали.

На листата на Askmen , Усаин Болт е највисоко рангиран спортист, но Фелпс е единствениот пливач. Од спортот рангирани се и Жозе Мурињо на 30 место, кошаркарот ЛеБрон Џејмс на 32 место, тенисерот Енди Мари на 33 местo.