North Face го лансираше новиот ранец со воздушно перниче

Ранец кој ќе ви го спаси животот и испразни џебот

Страсните планинари, скијачи и бордери ги чека возбудлива зима со многу предизвици но малку грижи, затоа што американската компанија North Face го лансираше својот нов ранец, Patrol 24 со ABS систем со воздушно перниче создаден да ве заштити во случај да ве затрупа лавина.

Ранецот, верувале или не, се продава по цена од 1.179 американски долари, при што веднаш станува логично прашањето, вреди ли за парите? Според досегашните критики за производот, може да се заклучи дека станува збор за технологија која навистина спасува животи. Всушност, ранецот е веќе тестиран во пракса и се покажало дека има 95% стапка на успех, односно навистина големи шанси да ви го спаси животот доколку сте фатени во лавина. АБС системот работи со компресиран нитроген гас со кој се надувуваат двете воздушни перничиња сместени внатре во ранецот и кои помагаат да се задржите на површината на снегот, а истите ги ублажуваат и повредите на главата и вратот. Исто така, воздушното перниче помага да се зголеми вашата видливост доколку за несреќа се најдете потрупани во лавина снег.

Всушност системот работи на следниот начин:

Ако скијач или сноубордер се најде заробен под снегот, системот ќе се надува и му дава дополнителни 150 литри волумен на телото, изедначувајќи ја густината со снегот и озвоможувајќи му на телото да се доведе на површината на снегот. Во споредба со воздушните перничиња во автомобилите, перничињата во ранецот се полнат со нитроген гас, наместо со CO2, што значи безбедно е да го носите околку вас.

ABS-от се активира така што се повлекува рачката поставена на левата страна на ранецот.
Инаку, ABS системот на воздушно перниче е создаден уште во 1985 година и оттогаш е подложен на постојано усовршување. Првата верзија на воздушно перниче сместено во ранец е направена во 1996 година, прво како единечно перниче во ранец, верзија која и денеска се уште ја користат компаниите BCA и Mystery Ranch, но подоцна е создадена и верзијата на две перничиња во ранец со цел да се подобри способноста на системот за да ве задржи на површината на снегот.

Ранците со воздушни перничиња се создадени под влијание на многу несреќи кои им се случиле на скијачи затрупани во лавина, но, добија вистински публицитет и бум во продажбата годинава, кога тројца скијачи во февруари загинаа потрупани во лавина во близина на Вашингтон, САД. Една од преживеаните, Елајза Саугстад, тврдеше дека преживеала благодарение на ранецот со воздушно перниче.
Инаку ранецот е создаден од лесен материјал, отпорен на вода, снег и мраз, лесен е за користење, и има многу внатрешни и надворешни џебови.

Во светот неколку компании произведуваат ранци со воздушни перничиња, но најпознати се оние на North Face, BCA, Mystery Ranch, швајцарската компанија Mammut при што, меѓу поевтините дефинитивно се оние на BCA кои се продаваат за близу 550 долари.