Кипчоге ја урна магичната маратонска граница

Актуелниот, светски рекордер во маратон, Kениецот Елиуд Кипчоге е првиот човек во историјата на маратонското трчање кој дистанцата во должина од 42,2км успеал да ја истрча за време побрзо од два часа.

Викендов на 11 октомври во Виена, легендарниот кениски атлетичар Елиуд Кипчоге испиша историја трчајќи маратон под два часа. Во совршени временски услови, на патека која има само 2,4 метри искачување, со пејсмејкери и без конкуренција, кружната патека во паркот Прат тој ја измина за време од 01:59:40 часа, односно дваесет секунди побргу од она што се сметаше невозможно.

За да успее во ова тој беше воден од 42 пејсмејкери кои пак следеа ласерска проекција на планираните 01:59:59. Меѓу овие пејсмејкери се најдоа и бивши и сегашни олимписки и светски прваци како Бернард Лагат, браќата Ингебритсен, Метју Центровиц и така натаму.

Просечните времиња по километар кои Кипчоге и екипата требаше да ги остварува беа точно 02:50 минути по километар или во брзина 21.1 километар на час. Доколку пак немате претстава колку е тоа брзо, тоа е исто како да трчате сто метри за време од 17,1 секунда 422 пати по ред.

Предизвикот беше под покровителство на британскиот хемиски гигант Инеос кои пак достигнувањето на Кипчоге го споредија со она на Сер Роџер Банистер кој беше првиот човек кој истрча една милја побргу од четири минути и со она на Усеин Болт и неговите 09:58 на сто метри.


По завршувањето на целиот настан Елиуд Кипчоге изјави дека се чуствува феноменално и се надева дека овој негов неверојатен спортски подвиг докажал дека ништо не е невозможно и очекува и други спортисти во иднина да успеат во истото. Историското достигнување на светскиот рекордер и олимпски првак сепак нема да биде презнато од страна на IAAF бидејќи е истрчано вон конкуренција и бидејќи се користени пејсмејкери.

За потсетување ова беше втор ваков обид за Кипчоге. Претходно во 2017 година во Монца Италија Кипчоге истрча 02:00:25 часа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија