Која е Фиона, девојката што од „нигде-никаде” победи на Трансконтиненталната трка

Пред два дена во Брест, Франција после изминати околу 4000 километри како дел од ултра-трка во велосипедизам која минуваше низ цела Европа, прва на целта пристигна Фиона Колбингер, млада девојка до Дрезден на која ова и беше прва ваква трка. 

“…I think I could have gone harder.” – „Мислам дека можев и појако”. 

Ова се зборовите на 24-годишната студентка од Дрезден, Германија откако после 10 дена, 2 часа и 48 минути успеа да извози од Бургас, Бугарија до Брест, Франција или околу 4000 километри низ една од најинтересните велосипедски ултра натпревари – Трансконтиненталната трка.

Но, она што е уште поинтересно од тоа што Фиона е првиот женски победник на овој предизвик е тоа дека таа е скоро целосно тазе во спортот, односно себеси се смета за почетник.

Колбингер е студент на медицина во центарот за онкологија Хаиделберг и е родена во 1995 година. Според досегашните информации достапни на интернет, таа е скоро и анонимна во спортските натпреварувања, Страва профилот и содржи многу малку активности до пред трката, а постои информација дека претходно таа била дел од триатлон клуб во Германија.

Еден од новинарите кои ја следеше трката успеа да извлече пар информации од Фиона на третата контролна точка каде вели:

„Комплетно сум во запрепастен, таа го зголеми своето водство со нови 5000 висински метри во 160километри за време на изминатава ноќ. Пристигна на контролната точка два часа пред вториот возач, и лабаво изјави дека за прв пат вози низ Алпите, а дека ова е нејзина прва трка.”

Бројките позади нејзиното возење се импресивни. Просекот е околу 400 километри на ден. Девојката има спиено во порсек околу 4 часа на ден со од 15 до 18 часа на точак. Едно од потешките возења било во должина од 475 километри каде просечната брзина е 26км/ч. На една пауза Фиона успеа и да посвири на клавир.

Втор на финишот пристигна Бен Дејвис кој заврши 10 часа подоцна.

Рутата (иако варира кај се кој возач) што се минува на овогодинашната ТрансКон има околу 40000 висински метри искачување со највисокиот превој Тимелсјохпас (2,474м.н.в) во Јужен Тирол и Кол ду Галибие во француските Алпи. Трката ја стартуваа 265 возачи од кои 40 жени. А од тие, во игра се уште е нашата Тина Нестороска која има изминато повеќе од половина рута.

Дали треба да бидеме зачудени од перформансот на Колбингер? 

Од аспект на пол, не би требало да бидеме зачудени. Во науката постојат многу студии кои покажуваат дека на долги дистанци жените многу често ја намалуваат резултатската разлика во однос на мажите. Причините најмногу се поврзуваат со поголемата отпорност на мускулен замор која е измерена кај жените како и подоброто искористување на мастите како извор на енергија.

Во ултрамаратонските настани постојат бројни резултати кои го потвртуваат ова. Пам Рид во 2002 и 2003 беше прва во генерален пласман на Бед Вотер, Јасмин Парис беше убедливо прва на Спајн Рејс со убедливо подобрување од 12 часа на претходниот рекорд кој беше во сопственост на Еоин Кит. Покрај овие тука се и резултатите на Кортни Даувалтер на 100 милји на Тахо и многу други.

Она што навистина повеќе би требало да не зачуди е одличниот резултат наспрема малото искуство на Фиона.

Досега на трката има 14 финишери.

Следете ја ТрансКон на ФБ и Инстаграм.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија